Бизнис
15. November 2018 - 16:27

Домаќинствата во Струмица со најголем процент учествувуваат во загадувањето

Преку акционен план кој предвидува низа краткорочни , но и долгорочни мерки Струмица ќе го подобрува квалитетот на амбиенталниот воздух. Планот беше едногласно усвоен од страна општинските советнци, а  мерките се базирани врз основа на податоците добиени од мерните станици кои за прв пат беа поставени на крајот од минатата година и кои покажаа дека загадување на воздухот има, пред се во грејна сезона. Од добиените анализи е утврдено дека во најголем дел загадувањето доаѓа од страна на домаќинствата и тоа во доцните попладневни и вечерни часови.

,, Овие појави циклично се појавуваат во одредени периоди на денот кои од една страна се показател и доказ дека навистина оваа причина е главна причина за загадувањето, значи огревните елементи во нашите домови кои што укажуваат дека во одреден период од денот, најчесто во почетокот на попладневните часови па до раните утрински часови драматично се покачуваат вредностите, меѓутоа во раните утрински часови од наредниот ден паѓаат под нормала и ова на некој начин малку  и ни дава едно спокојство дека немаме континуирано загадување во текот на неколку дена кое што држи некои високи концентрации.,, вели Коста Јаневски - градоначалник на Општина Струмица 

Акциониот план го поддржаа и советниците на опозициската ВМРО  ДПМНЕ, но реагираа дека истиот за оваа сезона нема многу да помогне.

,, Во месец единаесетти веќе е доцна за да преземеме мерки за заштита, односно подобрување на состојбата на воздухот во текот на оваа грејна сезона.,, вели Ели Панова - советник од ВМРО-ДПМНЕ  

Од општината најавуваат и петгодишен опсежен план врз основа на кој ќе се преземат мерки со цел подобро решавање на овој проблем. Од таму додаваат дека освен гасификацијата,  претходно се преземени и низа други мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух меѓу кои се и олеснувањата за инвеститорите кои во изградбата на објектите ќе предвидат зелени кровови и површини.