-->
-->
Домаќинот Полска нов предизвик за македонските ракометари на ЕП
-->
Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за противник ќе го има домаќинот селекцијата на Полска.
Полјаците кои важеа за фаворити во дуелот против Србија не прикажаа којзнае каква игра во првото коло, па мечот го добија минимално со еден гол разлика.
За разлика од домаќините, нашите ракометари одиграа одлични педесетина минути против олимпискиот, светски и европски шампион Франција, но како да немаа сили до крај да се изборат за изненадување. Доколку се повтори играта против „триколорите“, но овој пат во текот на сите шеесет минути, тогаш Македонија со право може да се надева да избори дури и победа, вели селекторот Ивица Обрван.
- Не очекува тежок натпревар со домаќинот кој имаше тешко отворање со Србија. Очекувам ние да го повториме пристапот и ангажираноста како против Франција да имаме и поволен резултат да освоиме бод или два и дека ќе одиме со полна сила и најдобриот состав што го имаме, изјави Ибрван.
Досега Македонија во два наврати ја доби полска на големите натпреварување.
2009 година во Вараждин, на СП во Хрватска, црвено-жолтите ја совлада Полска со 30-29. Три години подоцна на ЕП во Србија, во меч од втората рунда, Македонија славеше со 27-25.
Денешниот дуел во Краков меѓу Македонија и Полска ќе започне во 20 часот и 30 минути, а претходно во првиот меч од 2.коло на А групата од 18:15 часот ќе играат Србија и Франција. Tабела: Франција 2 бода, Полска 2, Србија 0 и Македонија 0.
Во групата Б, двојките се, Белорусија – Исланд и Норвешка – Хрватска. Tабела: Хрватска 2 бода. Исланд 2, Норвешка 0 и Белорусија 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење