Живот
8. јуни 2017 - 21:27

Домаќинки фрлете ги џогерите - со една состојка подот и мебелот ќе светнат

Само една состојка од вашата кујна ќе направи вашите подови да блескаат како никогаш досега!

Еве како со помош на црн чај да направите средство за бришење на подовите во куќата.

Потребни ви се 2 литри вода и 8 кесички црн чај.

Во зовриена вода ставете ги кесичките чај и оставете ги да отстојат 10 до 15 минути.

Оваа мешавина е за потемни подови, а ако вашите подови се светли, ставете помалку кесички чај, од 4 до 6.

Натопете крпа во течноста, добро исцедете ја и пребришете ги подовите. Освен што подот ќе блеска, ова средство ќе ги камуфлира и гребнатинките.