Loading Video...
Кошарка
1. October 2021 - 10:15

Домаќините перфектни на стартот на новата сезона во Евролигата

100-процетен ефект на домашните екипи на воведните четири одиграни натпревари во новата сезона на кошарската Евролига 
 
Сезоната започна со порази на минатогодишните финалисти. Актуелниот шампион Анадолу Ефес загуби на гостувањето во Мадрид кај Реал со 82-69. 
 
Вице-првакот ЦСКА Москва гостуваше во МИлано кај популарните „манекени“ составот на Олимпија од кој загуби со 84-74. 
 
Успешната ноќ за домаѓините ја најави дебитантот Монако кој на првата победа се радуваше во дуелот против Панатинаикос кој го совлада со 75-63.
 
Најнеизвесниот меч се одигра во Тел Авив каде Макаби го победи минхенски Баерн со 69-68, иако гостите во последниот напад имаа два неуспешни обиди да стигнат до триумф. 
 
Останатите пет средби од првото коло на програмата се денеска, а двојките се:
18:00 УНИКС КАЗАН - ЗЕНИТ ПЕТЕРБУРГ
19:45 ФЕНЕРБАХЧЕ- ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
20:00 ЛИОН ВИЛЕРБАН- ЖАЛГИРИС
20:00 ОЛИМПИЈАКОС- БАСКОНИЈА
21:00 БАРСЕЛОНА- АЛБА БЕРЛИН