-->
-->
Дома за утринска молитва, во џамија за Рамазан Бајрам, одлучи ИВЗ
-->
Ријасетот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам, донесе низа мерки, што треба да се спроведат во секоја џамија на 24 мај, пишува на својот фејсбук профил Реис-ул-Улема на ИВЗ во РМ, Х.Сулејман еф. Реџепи.
Во образложение на одлуките донесени денеска реисот Реџепи, пишува дека сабах намазот (утринската молитва) е одлучено верницте да ја обавуваат дома, односно апелира повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите. Дел од мерките што ќе треба верниците од исламска вероисповед да ги почитува во тек на молитвата за Рамазан Бајрам, ИВЗ ги има донесено и на 7 мај кога одлучи да ги отвори џамиите после две месеца пауза.
– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздравите со физички контакт, откажување од посета на гробишта, за време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, дезинфекција на џамии, задолжително носење маска, чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици, секој верник треба да има лично сеџаде, се вели во одлуката на ИВЗ.
Воедно од таму истакнуваа дека меѓу верниците треба да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе, односно е забранет престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата.
Поради сегашната состојба со коронавирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца