ДОМ предупредува на еколошка катастрофа во ОХИС
ДОМ предупредува на еколошка катастрофа во ОХИС од 100-ната тони опасни хемикалии кои се високо токсични, запаливи и експлозиви а се складирани во дворот на старата фабрика и бара итен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
Портпаролката на ДОМ Маја Морачанин рече дека доколку настане еколошката катастрофа ќе го погоди не само Скопје, туку и целата Вардарска долина и додаде дека од пред една недела ОХИС е без носители на одговорност за управување со него и без контрола на службите за обезбедување и противпожарна заштита, задолжени за присутните хемикалии.
Во кругот на ОХИС, како што наведуваат од ДОМ, покрај веќе познатиот пестицид линдан, се складирани и други опасни хемикалии, како на пример: 35 тони акрилонитрил мономер, кој може да го уништи целокупниот животински и растителен свет по течението на Вардар, 20 тони активни супстанци за производство на пестициди, кои се многу токсични ако истечат во почвата, 2,5 тони хлор во контејнери со дотраен материјал, па при негово истекување може да предизвика сериозни проблеми по здравјето на луѓето, особено по респираторниот и кардиоваскуларниот систем.
ДОМ бара Државниот инспекторат за животна средина да изврши итен увид на состојбата и да ги задолжи државните институции да постапат со соодветни мерки и активности за намалување на опасноста од хаварија.
ДОМ апелира до Владата на Република Македонија итно да направи прераспределба на буџетски средства од непродуктивни трошоци кон решавање на една од жешките еколошки точки, но и кон решавање на егзистенцијалните проблеми на вработените од ОХИС.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца