Македонија
21. May 2016 - 20:03

ДОМ на годишно собрание кај Европските зелени во Ултрехт

Делегација на ДОМ учествува на 24-тото Собрание на Европските зелени во Ултрехт кое се одржува од 20 до 22 мај 2016 година.

Како што соопшти ДОМ, средбата е посветена на изградба на заедничка стратегија на Европските зелени партии за дејствување во услови на мигрантска и финансиска криза, како и на безбедносни закани. Се потенцираше значењето на обединета Европа која на своите граѓани им нуди права, слободи и можности. Зелените сакаат да ја зајакнат Европската Унија како дом за надежта на многу луѓе надвор од нејзините граници.

Претседателката на ДОМ присуствуваше на лидерската средба, а делегацијата оствари средби со членови на раководставата од повеќе европски Зелени партии.