Македонија
24. December 2015 - 14:12

ДОМ избра секретар, шеф на Изборен штаб и заменик

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) доцна синоќа ја договори рамката на предизборната кампања. Ќе настапува како зелена партија, а Централен одбор ги избра, за секретар Христа Најданов, за шеф и заменик шеф на Изборниот штаб Тони Ристов и Христа Најданов, а за член на ЦО Дане Милошевски.

Христа Најданов е еден од основачите на ДОМ. Магистрирал на ЛУМСА Универзитетот во Рим, а има богато искуство во граѓанскиот и хуманитарниот сектор како застапник на жртвите од семејно насилство. 

ДОМ соопшти и дека Централниот одбор го разрешил досегашниот член Денко Скаловски поради програмско разидување. Тој веќе не ја претставува партијата во Советот на Град Скопје за што е испратено и официјално известување