Македонија
6. December 2021 - 13:50

ДОМ бара итно стопирање на градежните активности кај Холидеј Ин

Зелената партија ДОМ го поддржува и се приклучува на граѓанскиот протест пред Јавното обвинителство со цел стопирање на градежните активности на просторот кај Холидеј Ин.

Апелираме до Јавното обвинителство да се изјасни по иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција, поради сомнеж за корупција и злоупотреба на службена должност во врска со изградбата на висококатници на овој простор.

Во април оваа година, јавно ја повикавме општина Центар да го суспендира спорниот ДУП, за да се сопре бетонизацијата и уништувањето и на оваа слободна површина во центарот на Скопје.

Да не дозволиме профитот на поединци да надвладее над јавниот интерес, за здрав и квалитетен живот на граѓаните.

ДОМ – канцеларија за односи со јавност