Должниците на „Водовод и канализација“ – Скопје можат да ги платат долговите без камата, на рати
Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна, односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.
Согласно одлуката, како што соопшти, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.
-Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на kontakt@vodovod-skopje.com.mk и https://www.facebook.com/
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка