Долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар повеќе активности за подобрување на инфраструктурата
Тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) извршува замена на делови од заштитната ограда како и расчитување на крупната вегетација и смет долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. На потегот која е под надлежност на секцијата Тетово од Сарај до Жеровојане ќе се промени или санира жица од заштитната ограда во вкупна должина од 6000 метри.
– Досега имаме променето жица од оградата од вкупно 800 метри. Работата на промена или санација ќе продолжи во наредниот период како и во текот на летото се додека не се постави преостанатиот дел. Голем дел од оградата е уништена или оштетена поради кражби и несовесни постапки на поединци кои правеле штета на оградата, како и поради сообраќајни несреќи, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на јавното претријатие.
Паралелно со овие активности периодов се извршува чистење на крупната вегетација и сметот долж автопатот.
-Прво се расчистуваше вегетацијата делот Желино-Тетово, а сега и кон Гостивар. Се работи и на собирање на сметот. За жал за неколку дена повторно има смет бидејќи луѓето не се совесни и фрлаат смет од нивните возила, изјави Јовановски.
Во текот на годината тетовската секција на претријатието ќе учествува и во реконструктивни зафати. Ќе се работи на регионалните патишта Р1206 низ Боговиње, Р2234 потегот Јегуновце-Радуша, кај Орашје и Р1203 Тетово-Јажинце односно на потегот градски стадион-Порој во должина од 1300 метри.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто