Македонија
27. February 2020 - 22:28

Долниот дом на Шпанија го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Долниот дом на шпанскиот парламент изутринава го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Останува тоа да го направи уште Горниот дом односно Сенатот.

За пристапниот НАТО протокол гласале 279 гласа ‘за’, еден  против а 51 пратеник биле воздржани…

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради повторување на изборите и формирањето на Владата..

Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.