Свет
25. September 2019 - 8:39

Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе заседава

Долниот дом на британскиот Парламент ќе заседава денеска, откако Врховниот суд вчера донесе пресуда дека суспензијата на Парламентот е нелегална, рече спикерот на Претставничкиот дом Џон Беркоу.
 
-Наредив подготовки не за повторно свикување, туку за продолжување на седницата на Долниот дом, бидејќи неговото распуштање беше нелегално, рече Беркоу.
 
Премиерот Борис Џонсон денеска ќе присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
 
Врховниот суд пресуди вчера дека суспендирањето на Парламентот на барање на премиерот Борис Џонсон било нелегално.