Живот
9. December 2016 - 9:24

Долговечноста во САД снижена првпат по 1993 година

Просечниот животен век во САД во 2015 година се намалил во однос на претходно, првпат по 1993, се посочува во извештај на американскиот Национален центар за медицинска статистика. 

Средната долговечност е намалена од 78,9 на 78,8 години. Притоа, кај мажите падот е поголем (од 76,5 на 76,3 години), отколку кај жените (од 81,3 на 81,2 години. Смртноста пак, лани е зголемена за речиси 100.000, на 733.100 лица.

Експертите засега не можат со сигурност да кажат дали тоа е случајно отстапување од нормата или пак - тенденција, јавува радиото НПР.