Македонија
23. April 2019 - 9:55

Документот кој е доказ дали Чавков има вила, гулабарник или трло на Халкидики

Република го обезбеди документот што го доставил адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот, а со кој се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики

Дуковски денеска достави извод од катастарот на Халкидики. Со него се потврдува дека Чавков не поседува имот на грчкиот полуостров, што беше една од основите за определување на оваа мерка.

Тој додаде дека за неговиот клиент, кој беше неправосилно осуден на 18 години затвор, постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот, а понудена е и висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.

Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Одлуката ќе биде соопштена дополнително.