Македонија
16. May 2021 - 16:40

Документите од Струшките вечери на поезијата завршија во Охридскиот архив

Целата документација на една од  најголемите светски манифестации на поезијата „Струшки вечери на поезијата“го краси депото на Охридскиот архив.Фотографии ,документи,снимки ,рачни ракописи од големиот  број поети ширум светот ќе бидат архивирани и добро сочувани за идните генерации како дел од историјата на земјава.

54 те архивски кутии со вредни документи од 1963 - 1990 година ќе бидат достапни за истражување  од научната фела.

Струшки вечери на поезијата е манифестација што се одржува секоја година во градот Струга како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот.