Документарец и дебата за деинституционализирање на лицата со интелектуална попреченост
Наградуваниот документарен филм „Слободни“ на хрватскиот режисер Томислав Жаја, кој следи група луѓе со интелектуална попреченост институционализирани во хрватските институции и ги прикажува почетоците на нивниот самостоен живот и патот до слободата, денеска беше прикажан во Скопје. Првата од планираните три проекции ја организираа Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ и Фондацијата Отворено општество Македонија.
- Она што овој филм толку умешно го прави е што го отвора прашањето за деинстуционализацијата, кое е едно од клучните прашања кога станува збор за луѓето со интелектуална попреченост. А истовремено е и обврска на сите држави потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет на Обединетите нации, чија потписничка е и Република Македонија. И тоа го прави на документаристички непристрасен, автентичен, хуман, искрен и интересен начин, приближувајќи ги овие луѓе и нивните соништа и цели до секој еден гледач, информираат организаторите.
По проекцијата беше отворена и дебата на која учествуваше и режисерот Томислав Жаја, кој изјави дека деинституционализацијата е долготраен процес но, како што рече, вреди за сите потрошени ресурси и време.
- Со текот на времето, на луѓето со интелектуални потешкотии им е потребна сè помалку поддршка за самостоен живот, а некои од нив станаа и омилени членови на заедницата. Од друга страна, според истражувањата, заводите за лицата со интелектуална попреченост се многу скапи за државата, а системот на живот во локалната заедница е до 20 проценти поевтин, рече Жаја кој магистрирал за документарен филм на филмската академија ФАМУ во Прага.
Има режирано и продуцирано над 50 документарни филмови, неколку кратки и експериментални филмови, две ТВ адаптации на театарски претстави и три играни филмови.
Искра Росо од организацијата СОЛЕМ, која го поддржува процесот на деинституционализација на лица со интелектуална попреченост во Република Македонија, изјави дека деинституционализацијата не е едноставно преселување на лицата со интелектуална попреченост од установа во локалните заедници.
- Тоа значи и обезбедување услуги со кои би се помогнала нивната интеграција во локалната средина и нивната социјализација. Како професионалци кои неколку години активно работат со возрасни лица со интелектуална попреченост, увидовме дека многу малку се работи на нивното зајкнување како личности кои имаат можност за преземање контола врз сопствениот живот. Поради тоа, Здружение СОЛЕМ ги воведе и работи со програмите за самоодредување и самозастапување за возрасни лица со интелектуална попреченост, водејќи се од идејата дека лицата со интелектуална попреченост може и мора да бидат рамноправни членови во нашето општество, истакна Росо.
Од СОЛЕМ наведуваат дека процесот на деинституционализација на Специјалниот завод Демир Капија во Македонија е почнат од 2008 година на иницијатива на Програмата за јавно здравство при фондациите Отворено општество од Њујорк, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
- Сепак, до 2015 година само 55 лица го имаат напуштено Заводот и живеат во системот за организирано домување со поддршка. Неохподно е овој процес на деинституционализација да продолжи и опфатот на лица да биде стопроцентен, сметаат во СОЛЕМ.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората