Бизнис
25. January 2018 - 19:33

Докторска плата 13.000 денари, плата на копирант во МЕПСО 25.000 денари - зошто е толку голема разликата меѓу платите во државниот и приватниот сектор?

Докторска плата за   13 илјади денари. Копирант во МЕПСО  - 25 илјади денари . Огромна разлика меѓу  платите во приватниот и јавниот сектор.

Ние сме единствена држава каде повеќе се плаќа трудот на онај  што го троши БДП, отколку за онај што го создава, велат експертите.

Парадоксот е и тоа што ниту  невработенисте со завршено основно образование не сакаат да работат за минимала плата. Сите чекаат државна работа

- Кај нас куќата со темел стои нагоре и тоа е тешко да се искорени. Мора да се смени свеста и кај работодавачите. Работниците кои учествуваат во  крирање на БДП, треба да бидат повеќе платени, а не како сега, кога сите се договаар ,  на пример во сите маркети платата  за продавачите и иста – минималната од 12.000 денари, изјави Раде Ненадиќ, Агенција за посредување при вработување.  

Речиси секој ден на страната на Агенцијата за вработување  се бараат по 10 илјади работници. – од  сите сектори, за различни позиции. Платите скоро кај сите исти – од 12 до 15 илјади денари , без разлика на образованието. Невработените не скаат работа во приватните фирми,  кои нудат минамална плата.

За да се смени состојбата, потребно е прво државата да содаде клима  каде реалниот сектор ќе зема поголема плата од јавниот и второ  да се смени свеста кај работодавачите, дека мора да ги привлечат, да ги задржат и  мотивираат своите вработени.