Македонија
15. February 2020 - 16:38

Докторка од Струга со најдобри стручни резултати не може да добие работа во јавното здравство

Сања Ѓоревски oд Струга десет години бара работа во здравствените установи но одбиена е и на последниот оглас . Таа е општ доктор која поминува низ 14-тиот конкурс и иако на стручниот дел е убедливо прва и има работно искуство,постојано е одбивана без никакво образложение. Разочарана и револтирана обвинува за нетранспарентна и лошо водена постапка за вработување.

Таа вели дека Општата болница во Охрид спровела постапка на вработување без истакнување на ранг листа и транспарентност на процесот па поради тоа поднела и жалба,а  за ваквата сосотојба било известено и министерството за здравство.

Сања се најде и во групата на здравствениот срам на социјалната мрежа Фејзбук во која се обвинува за непочитување на законите. Од Општата болница од Охрид пак ги отфрлуваат обвинувањата тие на став дека постапката била согласно законот.