Здравје
5. December 2017 - 11:51

Доктор алармира: Немојте на децата да давате сирупи против кашлица - еве што стварно ќе им помогне

Родителите чии деца боледуваат од настинка а даваат лекови и сируп против кашлица прават голема грешка и би требало да се свртат кон "старомодните" методи како давање на лимон и мед, тврди др. Оливер Бевингтон од детската болница во Саутемптон.

Бевингтон додава дека таквите лекови можат да бидат опасни, па дури и токсични ако се даваат во голема количина.

Но тоа не е се, тој тврди дека не постојат докази дека лековите против кашлица навистина делуваат и дека всушност можат да направат поголема штета отколку корист.

- Настинката и кашлицата кај децата предизвикува вирална инфекција, но состојбата ќе се поправи без антибиотик со повеќе одмор и внесување на повеќе течности. Сепак родителите се грижат дека симптомите ќе им наштетат на децата и затоа земаат сирупи против кашлица. Многу од овие лекови содржат антихистамини и соединенија кои спречуваат кашлица кои во зголемени количини можат да имаат спротивен ефект, па така и токсични - посебно ако станува збор за деца под 6 години кои се подложни на овие проблеми, тврди Оливер.