Македонија
15. March 2020 - 10:09

Доктор Аголи од Дебар: Ние сме на работа, вие седете дома!

Со фотографија и транспарент, д-р Арбен Аголи од Дебар им порача на сограѓаните за време на кризната состојба да седат дома.

“Ние сме на работа, вие седете дома”, порача докторот и неговите колешки.

Тој исто така ги замоли граѓаните да не ги фрлаат маските насекаде.

,, Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде, фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата, благодарам“-порача тој.