Живот
14. јуни 2017 - 13:12

Доколку видите вакво нешто во својот двор никако не ја косете тревата, еве и зошто!

Членовите од едно здружение нашле едно необично откритие на приватен имот, па решиле оваа новост да ја споделат на Фејсбук за да ги предупредат сите на време, бидејќи почнува сезоната на косење трева.

Тие за ова купче мислеле дека е сува трева но кога слушнале необични крикови, сфатиле дека станува збор за младенчиња од зајак. Тоа е причина зошто го објавиле ова.

Особено предупредиле да не ги допирате додека мајката не е таму, бидејќи таа ќе се врати да ги нахрани. Таа ги храни своите младенчиња 1 до 2 пати дневно. Затоа бидете хумани и почекајте неколку недели, па потоа искосете ја тревата.

Погледнете во видеото: