-->
-->
Доколку се објави лага за некого на Фејсбук, следува 10 години затвор
-->
Африканските држави одлучиле да му објават војна на сајбер криминалот. По Кенија, ЈАР, Нигерија и Замбија и Танзанија воведува закон кој ќе ги регулира објавите на социјалните мрежи. Секој кој во Танзанија ќе сподели фотографии на луѓе без облека или ќе објави лага за некого на сите социјални мрежи или ќе направи некое друго злодело, може да заврши во затвор и тоа 10 години, пишува „Би-би-си“.
Од воведувањето на овој закон многу Танзанци го намалиле престојот на Фејсбук и Твитер. Тешко е да се сфати како планираат властите во Танзанија да го спречат народот да споделување груби вицови, етничко стереотипизирање или споделување фотошопирани карикатурни фотографии од своите политичари, се прашува африканскиот новинар Џозеф Варунгу.
Владата образложува дека овој закон ќе ѝ помогне во сузбивањето на злосторствата кои не се регулирани со казнениот закон, како што е ширење лаги, побуни или порнографски материјал на интернет. Критичарите на законот истакнуваат дека ќе ја сузбие и слободата на изразување и на медиумите. Други пак тврдат дека законот е воведен само две недели пред одржувањето на изборите за да се стишат оние кои ја критизираат владата и владејачката партија. Веќе неколку жители на Танзанија добиле пријава по новиот закон и ќе мора да одат на суд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица