Живот
10. November 2015 - 20:15

Доколку на овој знак му позајмите пари, веројатно никогаш нема да ви ги врати

Заборавеност или безобразлук проценете сами. Кога ќе му позајмите пари, секогаш постои можност да останете без нив, особено ако сте премногу фини за да си го вратите долгот.

Сепак, ЈАРЕЦОТ е тој со кој имате најголеми шанси да останете со куси ракави. Овој знак и така сака да критикува сè околу себе, додека кон себе е мошне благ, бидејќи, се разбира, тој е најдобар.

Многу ги сака парите, а со оглед на тоа дека сите мора да живеат според неговите прописи, се подразбира дека и парите може да се врата кога тој ќе процени дека е време за тоа. Тврдоглави се и подготвени да се бранат себе си дури и кога најмногу грешат, или можеби ќе ве направат луди, само за да го истераат своето.

Значи, ако на својот пријател Јарец му позајмите пари, бидете упорни.