Фудбал
9. October 2020 - 10:17

Доколку Македонија ја победи Грузија ќе игра во група со Холандија, Австрија и Украина

Во вчерашниот натпревар Македонија го победи Косово со 2:1 и е на чекор до историски пласман на Европско првенство.

Последна пречка е Грузија на 12. ноември и во случај да ја Македонија да ја победи Грузија на Европското првенство ќе игра во Групата Ц заедно со Холандија, Австрија и Украина. Од трите меча во оваа прелиминарна фаза, два би играле во Букурешт, а еден во Амстердам.