Доколку Хилари победи на изборите „Фондацијата Клинтон“ ќе се откаже од странските донатори
Фондацијата на семејството Клинтон ќе се откаже од прифаќање подароци од странски лица и корпорации, доколку Хилари Клинтон победи на претседателските избори во ноември, соопшти портпаролот на Фондацијата, цитиран од светските агенции.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на вработените им соопштил дека доколку Хилари победи на изборите тој ќе поднесе оставка од раководството на Фондацијата, која во иднина ќе прима средства само од американски граѓани и независни добротворни здруженија.
Поранешниот шеф на држава, исто така, објавил дека во септември ќе биде одржана последната, 12-та по ред, годишна иницијатива на Фондацијата, која собира лидери на држави и бизнисмени, за да разгледаат теми како сиромаштијата, здравствената заштита, развојот...
Добротворната фондација беше основана од Клинтон во 2001 година, откако тој ја напушти Белата куќа. Оттогаш организацијата успеа да привлече над две милијарди долари, вклучувајќи ги и парите од политичките поддржувачи на семејството Клинтон, како Саудиска Арабија, што постојно е многу критикувано од републиканците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација