Македонија
6. October 2019 - 19:36

Дојран одбележа успешна туристичка сезона

Над 100 000 туристи ова лето ноќевале во Дојран, а тројно повеќе овој туристички центар го посетиле на дневна основа . Најголемиот дел од нив се домашни туристи, но значително зголемување годинава е забележано и кај странските гости пред се од соседните држави. Во тој дел најбројни се транзит туристите од Србија кои после долги години повторно се враќаат во Дојран.

,, Имавме доста посетеност, претежно од домашни туристи, но голем и незанемарлив број е и посетата на српските туристи кои што се транзитни туристи. Имаме и огромен број на туристи кои што почнаа да доаѓаат од Бугарија и од другите соседни држави, неизбежни се овде да ги напоменеме и постојаните на дневна основа туристи од Грција кои што доаѓаат., вели АНГО АНГОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДОЈРАН

Добрата туристичка сезона придонела и за зголемување на наплатата на  туристичката такса. Заклучно со септември биле наплатени  околу 1 милион и 800.000 денари  или за 400.000 во однос на лани кога за цела година по истиот основ сумата била 1.400.000 денари.

,, Конечно самите сопственици на издавачки капацитети сфатија дека тие пари се инвестираат во нови дополнителни содржини и тоа привлекува плус гости. Повторно ќе организираме состанов со сите сопственици на издавачки капацитети бидејќи тие треба да одлучат во што треба да се инвестира, што ни фали, кои се недостатоците на туристичката сезона, што треба да исправиме за наредната, предвреме да ги превенираме проблемите кои што ни се јавуваат.,, вели АНГОВ

Минатата година барањето на издавачите на сместувачки капацитети било поголем простор за слободни плажи. Токму на нивна иницијатива се работење на санирање и уредување на градската плажа, но и проширување на истата која според најавите од општината ќе остане слободна. Каде и како ќе бидат наменети парите кои оваа година биле собрани од туристичката такса допрва ќе се одлучува.