Македонија
20. јуни 2017 - 12:53

Дојран на 23 јули на рефрендум ќе решава дали ќе се градат рудници

Референдум во Дојран ќе има на 23 јули кога жителите ќе се изјаснуваат дали се за или против отворање рудници на територијата на општината, одлучи синоќа општинскиот Совет.

Тоа ќе биде единственото референдумско прашање од причина што советниците сметаат дека е сеопфатно и дека нема потреба да се изјаснуваат за стопирање на работата на рудникот „Казандол“ во соседната општина Валандово што, пак, не беше случај и во соседната општина Богданци каде што жителите негативно се изјанија по двете прашања на неодамнешниот референдум.

Инаку, референдумот во општина Дојран требаше да се одржи на 18 јуни, но одлуката за негово спроведување што ја донесе Советот на општината не била потпишана од градоначалникот Борче Стамов затоа што во тој период не му бил продолжен мандатот.