Бизнис
27. November 2018 - 19:31

Дојран ќе ја подобрува туристичката понуда

Дојран ќе го подобрува имиџот и ќе ја развива целокупната туристичка понуда.  За таа цел на располагање има над еден милион евра, средства обезбедени преки ИПА 2 програмата. Обезбедување пристап до значајни културно историски локалитети, подобрување на патната и крајпатната инфраструктура, реконструкција на околу 20 хектари парковски површини, креирање на содржини и инструменти за он лајн промоција, ова се само дел од активностите предвидени во проектот ,, Дојран туристички бисер на Југоисточна Македонија.,, 

,, Се работи за проект со повеќе активности меѓу кои и уредување на зелените површини во централното подрачје на Дојран. Имаме реконструкција на самиот амфитеатар, пристапен пат до амфитеатарот и на мое големо задоволство и голема радост исто така имаме пристапен пат до линијата од првата светска војна, линија која што конечно би ја ставиле во функција, а со тоа би привлекувале доста туристи и во текот на пролетта и есента.,, вели Анго Ангов, градоначалник на Дојран. 

Проектот преку кој ќе бидат разработени сите видови недостатоци во Дојран со цел подобрување на целокупниот туристички производ општината го реализира со центарот за развој на Југоисточниот плански  регион.

,, Нашата намера е сите тие места што се посетуваат од страна на туристите

да ги подобриме, меѓутоа да креираме и нови содржини.,, вели Жулиета Ѓуркова раководител на Центар за развој на ЈИ регион. 

 Периодот на реализација на сите активности од проектот е 12 месеци, но од општината најавуваат дека дел од нив ќе бидат готови пред почетокот на новата туристичка сезона со цел подобра и побогата понуда за сите домашни, но и странски туристи чиј број последните години бележи пораст.