Џет-Сет
12. December 2017 - 20:44

Дојде цела замотана во бунда, а кога се соблече сите зјапаа во нејзините гради

Таа e најпознатата џебна Венера на српската естрада и позната по тоа што своите бујни облини сака да ги покаже во секоја прилика. Кога ја соблече бундата, шоуто зпаочна.

На снимањето на една новогодишна програма во Пожаревац, најмногу погледи привлече дефинитивно пејачката Мина Костиќ, која реши со стајлингот потполно да ја засени конкуренцијата.

Дојде замотана во крзнена бунда, а кога ја соблече, температурата во студиото нагло порасна.

Мина облекла провидна маичка, под која се гледаше секси градник, секако истакнувајќи го своето бујно деколте, додека тесната сукња ја покажуваше нејзината прекрасна фигура.

Инаку, Мина е мајка на осумгодишната Анастасија, која ја доби од врската со колегата Игор Костиќ.