„Дојче банк“ со платена реклама во германските весници се извини за своето неправилно работење
Најголемата германска банка, „Дојче банк“ (Deutsche Bank) со цела рекламна страница во весниците се извини за своите неправилности во работата, што компанијата ја чинеа загуби во милијарди евра, пренесоа американските медиуми.
Извинувањето, потпишано од главниот извршен директор, Џон Крајон, се појави во саботните изданија на германските весници, вклучувајќи ги и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и минхенски „Зиддојче цајтунг“.
Банката признава дека нејзиното однесување во минатото „не само што не чинеше пари, туку и нашата репутација и доверба“.
Во текот на декември минатата година „Дојче банк“ во вонсудска спогодба со американското Министерство за правда прифати да исплати 7,2 милијарди долари заради договори со нетранспарентни обврзници, гарантирани со хипотекарните заеми од 2005-2007 година. Загубите со таквите хартии од вредност придонесоа за избувнување на светската финансиска криза, потсетуваат американските медиуми.
Другите случаи на прекршувања на работењето на банката ги вклучува манипулациите со водечките каматни индекси и перењето пари, поврзани со Русија.
Во платената рекламна порака компанијата вети дека: „Ние во управниот комитет и раководството на банката ќе направиме се што е во наши сили за да го спречиме повторувањето на ваквите случаи“.
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров