„Дојче банк“: Офшор бизнисот е законски
Водечката германска банка „Дојче банк“ денеска објави дека офшор бизнисот е законски и потврди дека им помагала на клиенти да отворат фиктивни компании во странство, јави ДПА.
- Целосно сме свесни за значајноста на тоа прашање, истакна портпаролот на „Дојче банк“ откако Панамските документи беа објавени во меѓународните медиуми, во кои е откриено дека политичари, спортисти и криминалци криеле пари во фиктивни компании, регистрирани во офшор даночните раеви.
Италијанскиот неделник „Еспресо“ објави дека илјада Италијанци имале офшор сметки, меѓу кои и претседателот на Управниот совет на „Алиталија“ Лука Кордеро ди Монтеџемоло, кој претходно беше во УО на „Фиат“ и извршен директор на „Ферари“.
„Еспресо“ тврди дека „Унибанка“ ја користеле „Мосак Фонеска“ за да управува во 80 офшор компании, но се дистанцирала во 2010 година, додека „Уби банк“ била поврзана со 40 офшор компании, регистрирани во Панама и на Сејшели.
Најголемата скандинавска банка „Нордеа“ како одговор на објавувањето на документите, поврзани со панамската компанија „Мосак Фонеска“, соопшти дека не им помагала на богатите клиенти за прикриваат даноци.
Шведската телевизија, една од стоте медиуми, која доби пристап до документите за офшор сметки, информира дека филијалата на „Нордеа“ во Луксембург работела со „Мосак Фонеска“.
„Нордеа“ тврди дека ги почитувала сите правила и оти не дозволувала да биде искористена за прикривање на даноци.
Фианнсискиот регулатор во Шведска побара објаснување за дејноста на „Нордеа“ во Луксембург.
Норвешката банка ДНБ соопшти дека жали за тоа што им помогнала на 40 клиенти да отворат офшор компании на Сејшели со помош на „Мосак Фонсека“. Банката наведува дека тоа што е законски да се отвораат офшор компании, не значи дека е правилно да се прави за тие клиенти.
Австралиската даночна служба најави дека ќе испитува над 800 богати Австралијци за евентулно криење на даноците поврзани со „Мосак Фонсека“.
Индија, исто така, ќе истражува над 500 Индијци, меѓу кои и актери од Боливуд, индустријалци и политичари кои ја користеле панамската правна фирма за криење на парите во офшор даночните раеви.
Во Бразил политичари од седум партии се меѓу клиентите на „Мосак Фонсека“.
Ново на Сител
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа