Македонија
2. December 2022 - 16:33

Дојави за поставена бомба и во училиште во Крива Паланка, МВР тврди дека има осомничени

МВР имало осомничени по новите дојави за бомби кои стигнаа на интернет адресите во училиштата, но не најавува брзо расчистување на случаите. По Скопје и едно училиште во Крива Паланка доби заканувачка порака дека во објектот има поставено бомба. Од утрово и пријавено дека вакви пораки добиле и три училишта во скопски Петровец, но истрагата покажала дека сите дојави се лажни.

По паниката која владее во јавноста и бројните сајбер напади МВР покренала постапка до Комитетот за антитероризам.

Граѓаните стравуваат за безбедноста на  нивните најмили. Загрижени се што и по речиси два месеца државата нема уапсено никој, додека децата стравуваат да посетуваат настава.

По пауза од две недели осум средни и за првпат две основни училишта од Скопје повторно добија закани дека во нивните објекти се поставени експлозивни направи. Ова е деветти пак како на мејл адресите стигнуваат пораки со ваква содржина, но досега нема приведен никој од МВР. Првата дојава се случи на 26 октомври, кога пет средни училишта во главниот град ги евакуираа учениците а наставата беше прекината.

Видеа од Македонија