Македонија
3. February 2023 - 16:38

Дојави за бомби во 8 средни училишта

Први дојави за бомби во второто полугодие. Околу 11 часот на мејл пристигнаа закани  во неколку  средни училишта во Скопје, меѓу нив и гимназијата Орце Николов. По полициската проверка, наставата е редовна продолжена со втора смена.

Учениците кои ги затекнавме велат дека веке се навикнати на ваквите дојави  и не паничат. Во Орце Николов досега имало околу 10 вакви дојави само во прво полугодие.

Единицата за антитероризам  направила проверки во сите училишта кои добиле закани

Според изворите на Сител, дојави имало до Јосип Броз – Тито, Раде Јовчевски Корчагин, Панче Арсовски, Михајло Пупин, Никола Карев, Арсеније Јовков, Орце Николов и Владо Тасевски