Свет
26. July 2020 - 19:59

Дојави за бомби на аеродромите во Москва и Санкт Петерсбург

Аеродромите во Москва и Санкт Петербург денеска добија анонимни дојави за поставени бомби, а проверката е во тек, објави новинската агенција ТАСС.

Извор од секторот за итни случаи изјави за ТАСС дека аеродромите во Москва и Санкт Петербург добиле анонимни дојави за бомби. Властите се предупредени дека се поставени бомби и во авиони паркирани на аеродромите во Москва.

Портпаролот на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург за ТАСС изјави дека тимовите проверуваат девет авиони, и воедно најави дека е можно некои летови да бидат одложени.

Претходно, ТАСС ја пренесе изјавата на извор од секторот за вонредни ситуации, дека аеродромот во Краснодар добил анонимна дојава за бомба. Меѓутоа, портпарол на меѓународниот аеродром во овој град ги негираше овие тврдења и рече дека аеродромот работи нормално и дека нема одложени летови.