Балкан
9. јуни 2022 - 10:05

Дојава за бомба во средно училилиште во БиХ - вработените ја прочитале пораката дури наредниот ден

Полицијата во БиХ ги проверила просториите на средното училиште „Хасан Кикиќ“ и утврдила дека не се наоѓа бомба. Пребарувањето следувало откако вчера вработените во училиштето прочитале мејл во кој имало дојава за бомба. Мејлот со лажната дојава и бил испратен ден претходно, но тогаш никој не го прочитал, пренесува Индекс.

Откако го виделе мејлот, од училиштето ја контактирале полицијата која ги евакуирала учениците и наставниците.

По проверка на училишните простории утврдено е дека нема бомба. Денеска наставата се одвива редовно.