Тенис
4. January 2016 - 19:07

Доха: Стартна победа за Ѓоковиќ

Стартуваше тенискиот турнир во Доха Катар а во денешната понуда уживање за љубителите на тенисот. Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно го совлада  Дастин Браун кој ја воодушеви публиката со својата снаодливост на мрежа.
 
Германецот се потврди како талентиран играч но и голем  тениски шоумен иако  загуби со убедливи 6:2 и 6:2.
 
Браун со еден крајно несекојдневен удар успеа да го лобува најдобриот светски тенисер, кој и покрај тоа што го загуби најинтересниот поен на натпреварот, сепак обезбеди сигурен пласман во наредната рунда каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Вердаско и Јажири.