Македонија
6. November 2015 - 14:37

Доградба на градинката „Росица“ во општината Ѓорче Петров

Градинката „Росица“  во општина Ѓорче Петров ќе добие доградба на клонот „Детелинка“ со што ќе се зголеми капацитетот на градинката за нови 30 деца.

Како што се наведува со соопштението на општина Ѓорче Петров, проектот предвидува изградбата да биде реализирана до март идната година.

Во кабинетот на градоначалникот Сокол Митровски денеска беше потпишан договор во висина од околу 4.330.000 денари меѓу општина Ѓорче Петров и градежната компанија „Алдинг-Инженеринг“ од Скопје која е избрана за изведувач на градежните работи по спроведување на тендер воден по правилата на светската банка.                                        

Финансиските средства се обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светската банка, како и средства од буџетот на општината.