Договорот задира во македонскиот идентитет и јазик и директно ги разнишува темелите на уставниот поредок
Зоран Заев со капитулантскиот договор создава обврска за граѓаните и тие ќе треба да ги изменат своите лични документи, како лични карти, пасоши, дипломи, изводи од матичните книги, институциите на државата своите натписи, МАНУ, МРТ, сите исправи кои се вадат ќе бидат со изменето име.
Договорот задира во македонскиот идентитет и јазик. Договорот е штетен за македонската самобитност и директно ги разнишува темелите на уставниот поредок.
Република Македонија е оштетена страна. Договорот создава само обврски за Република Македонија. Зоран Заев не може со ништо да го оправда својот капитулантски чин.
Државата тоне, а граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците.
Економијата е на нула, инвестиции нема, нови работни места не се отвораат, долгот на државата е се поголем. За една година Заев не сработи ништо. За една година Заев само ги распродава македонските интереси.
Затоа Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор