Балкан
12. January 2019 - 16:11

Договорот пред грчкиот парламент за 10-тина дена

Преспанскиот договор ке пристигне во грчкиот парламент  за седум до десет дена, прогнозираат медиумите во Атина. 

Се очекува дека спогодбата без проблем ке биде ратификувана. Речиси сите анализи  во грчките  весници велат дека Ципрас  веке го има обезбедено неоходното мнозинство од 151 пратеник. Според То Вима, во корпусот на пратеници кои ке гласаат за договорот ке влезат и дел од пратениците на партијата Независни Грци како и пратеници од опозиционата Потами.

Прототема предвидува дека претходно ке се случи разделбата мегу Ципрас и неговиот колаиционен партнер Каменос.  

Се чека и на нивниот состанок, кој неколкупати беше одложен, а сега е најавен за понеделник.  Грчките аналитичари сметаат дека е можно распагање на  партијата на Каменос и гласање за  доверба на владата следната недела во атинскиот парламент. 

Согласни се дека во целиот процес, Ципрас би излегол како победник, а неговиот партнер Каменос како губитник кој дефинитивно би заминал во историјата.  Но,  немаат дилема дека на подолг рок,  овие бурни настани на грчката политичка сцена, ке доведат до предвремени парламентарни избори во април или мај, на кои Ципрас би го платил крајниот цех. Се огласи и  поранешниот шеф на грчката дипломатија Венизелос кој го обвини грчкиот премиер за грабнување на пратеници од помалите партии кои , како што кажа , се без вредности и традиција, а со крајна цел  да го продолжи владеењето кое, според него, е без демократски легитимитет.

Главна тема во медиумите се и телефонските и СМС закани токму до оние во парламентот за кои се верува дека ке гласаат за догворот. Грчаата влада  ова го оцени како терористички чин насочен против паралемнатарците, а оркестриран од Нова демокартија и со знаење на лидерот Мицотакис. 

Во меѓувреме, за следната недела н, на 20 јануари, во Атина е закажан протест против  Договорот од Преспа. Демонстарциите ги организира” Комитетот за борба за Македонија“, сочинет од 4 организации , од коидве се од грчката дијаспора.