Македонија
21. January 2019 - 16:56

Договорот од Преспа влезе во грчкиот парламент - гласање в четврток

Договорот од Преспа денеска и утре пред комисијата за надворешна и безбеднсона политика на грчкиот парламент, а веќе во среда и четврток ќе се најде и на пленарна седница. Ова било одлучено на денешниот состанок на претседателот на грчкиот парламент Вуцис со неговите заменици.

Мегународната заедница очекува ратификацијата на Догворот во атинскиот парламент да помине без проблем. Специјалниот посредник на ОН Метју Нимиц се надева дека Грција како и Македонија ке го исполни својот дел од обврските.

„По известувањето на ПЈРМ дека се завршени постапките за усвојување на уставните амандмани и домашните правни процедури за стапување во сила на Договорот , според одредбите, ратификацијата последователно продолжува во Република Грција. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Спогодбата, вели Нимиц во писмената изјава што ја објави прес службанта на ОН.

Во мегувреме грчките медиуми ги пребројуваат пратениците кои ке гласаат за Догворот. Засега се шпекулира дека ратификацијата еке биде изгласана сои бројката од 152 односно 153 пратеници .Главна тема во јавноста е и вчерашниот протест во Атина. Се обвинува полицијата дека користела хемиски средства со изминат рок,против демонстрантите, но и обратно , дека полицајците биле жртви на агресивните групи. Лидерот на опозицијата Мицотакис му порача на Ципрас дека ке побара одговорност од власта поради употребата , како што изјави, на хемикалии против мирните демонстранти мегу кои имало и семејства деца и повозрасни лица. Според полицијата на протестите на плоштадот синтагма учествувале 60 000 лица, додека пак медиумите пренесуваат дека бројката била трипати поголема.