Македонија
25. January 2019 - 16:06

Договорот од Преспа доби зелено светло од грчкиот парламент

Со  153 гласа за, 146 против и  еден воздржан грчкиот парламент го ратификуваше преспанскиот догвор.

Гласањето помина во тензична атмосфера. Пратениците се изјаснуваа поединечно и со прозивање.  СОбранискиот спикер интервенираше неколку пати поради провокациите на пратениците  од Златна зора кои гласаа против договорот. Конечно, како што и се очекуваше , клучни беа гласовите на осуммината пратеници незаисни и од помалите партии кои се приклучија на пратениците на Сириза,  со што се ратификуваше документот.  За разлика од  бурното изјаснување  внатре во парламентот, пред  зградата протестираа одвај стотина демонстранти поради невремето кое ја зафати Аттина.  Дебатата за ратификација траеше повеке од 40 часа, а на неа учествуваа над 200 пратеници. Најжестоко беше синока кога во собранието се обратија премиерто Ципрас и лидерот на опозицијата Мицотракис. За првпат во историјата се спомна егејското прашање и тоа директно од Ципрас кој им се обрати на сите обние кои го оспоруваат догворот, а мегу нив и на грчките комунисти

„Не сакам да ја критикувам комунистичката партија на грција  врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар што членовите на  вашата партија им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци  на  демократската армија на Грција. . Ќе ги споменам и 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983-та. Ќе ја споменам и славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жртва на граѓанската војна во Грција.  Ве оставам за ова сами да си размислите и да се  соочите  со вашата совест!

Мицотакис  сепак се  закани  дека и покрај обврските превземени со  преспанскиот договор Грција тој ако биде премиер има право да стави вето за Македонија  во Европската унија.

Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во кој било момент да стави вето за процесот на интеграција на Скопје во ЕУ .  И јас одбивам да се откажам од ова наше  право. Нека им биде јасно тоа на сите!

Синока исто така се протстираше во АТимна, а најжестоко беше на северот на Грција каде демонстрантите ги напагаа седиштатат на владеачаката Сириза во знак на протест против преспаснкиот догвоор.