Бизнис
26. July 2017 - 11:15

Договорите со странските инвеститори ќе станат достапни за јавноста

Договорите со старнските инвеститори во економските зони во земјава ќе станат достапни ја јавноста. Владата на Република Македонија на седница вчера усвои барање за декласификација  на сите договори склучени како државна тајна.

Владата, како што стои во соопштението од владината прес-служба, смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата што е точно договарано со странските инвеститори и поранешната Влада при потпишување на договорите за влез на комапниите во економските зони. Затоа, се додава, Владата усвои барање со кое се бара декласификација на сите договори склучени како државна тајна, коишто по спроведувањето на процесот на декласификација ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста.