Бизнис
1. October 2015 - 19:29

Договорени минималните откупни цени на оризот

Белиот ориз да се откупува со почетна цена од 50 денари по килограм договорија денеска на работниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство претставници на откупувачите, земјоделските здруженија и на оризопроизводителите.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, жетвата на оваа житна култура е на почеток поради што оваа институција ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и во зависност од движењето на цените на пазарот и доколку има потреба ќе се оддржи уште еден состанок.