Македонија
18. December 2015 - 8:28

Договор за уредување на излозите во чаршијата

Министерот за економија Беким Незири и претседателот на Здружението „Еснаф“ Бејтула Морина, денеска ќе потпишат Договор за реализација на Проектот за уредување на излозите и натписите на дуќаните во Старата скопска чаршија.

Со потпишувањето на Договорот ќе отпочнат активностите за реализација на Проектот, кој Министерството за економија го предвиде во Програмата за развој на туризмот за 2015 година, а чија цел е враќање на автентичноста и зачувување на културните вредности кои ги има Старата скопска чаршија.