Додик: Во БиХ се прави исламска држава
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина е невозможна заедница и оти кога станува збор за нејзиниот интегритетсостојбата никогаш не била полоша, оценувајќи дека муслиманите во БиХ манипулираат со резултатите од пописот со цел да направат исламска држава во Европа.
Додик, во интервју за „Политика“, изјави дека мисли дека германската канцеларка Ангела Меркел не е во право кога вели дека БиХ направила голем напредок на европскиот пат, пренесува Танјуг.
- БиХ е невозможна заедница. Секако дека Меркел е уважена и треба да се почитува она што таа го работи, но не мора да значи дека таа е секогаш во право. Таа приказна за БиХ е целосна заблуда, смета претседателот на РС.
Тој изрази сомнеж во искреноста на неодамнешните изјави на претседателот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, кој коментирајќи ја изјавата на началникот на Општината Сребреница Чамил Дураковиќ, рече дека никогаш не би рекол дека врвот на Србија е непожелен на одбележувањето на годишнината на злосторствата во Поточари.
- Тоа тие се го договараат, тоа се е прочитано. Бакир Изетбеговиќ изјави дека ја продолжува политиката на својот татко Алија. А Алија Изетбеговиќ рече дека муслиманите онаму каде се малцинство треба да трпат се додека не станат мнозинство. Кога ќе станат мнозинство, тогаш треба да формираат исламска држава. Таа исламска држава ја гледаме на Блискиот исток. Еве сега дотуркаа на 50 отсто на пописот и сега е веројатна претпоставката дека прават исламска држава во БиХ, смета Додик.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана