Балкан
25. August 2016 - 20:13

Додик: референдумот ќе биде спроведен и во Сребреница

Претседателот на Република Српска Милорад Додик повтори денеска дека референдумот за Денот на Републиката во РС ќе биде спроведен и дека одлуката на Народното собрание за тој референдум треба да се спроведе во сите општини, па и во Сребреница.

Додик изјави дека слушнал дека началникот на Општина Сребреница Чамил Дураковиќ „се обидел да каже дека нема да ја почитува одлуката за референдум“.

- Со тоа веројатно ќе се занимаваме подоцна, но сигурно ќе се занимаваме. Повеќе никој во РС нема да биде во можност да не ги почитува одлуките на власта на РС, па макар се викал и Чамил Дураковиќ, истакна Додик.