Додик: Не се плашам од апсење
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не се плаши од апсење поради одржување на референдумот.
Тој додаде дека е задоволем што гласањето за Денот на РС помина без проблеми.
- Не сум задолжен да се плашам. Тоа повеќе е покритие за оние кои не успеаја да го запрат референдумот, истакна Додик за телевизија Н1 од студиото во Белград.
Претходно, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ изјави дека доколку Додик не се појави пред Обвинителството, можно е да издаде наредба за присилно приведување.
- Ако не се појави, а причината за непојавувањето биде неоправдана, се издава наредба за присилно приведување. Тука Законот за кривична постапка е многу јасен, никој нема право да не одговори на поканата од Судот или Обвинителството, изјави Мектиќ за ТВ1.
Тој додаде дека Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) е одговорна за евентуално присилно приведување.
Обвинителството го повика Додик да сведочи во предметот што се однесува на неизвршување на Одлуката на Уставниот суд на БиХ поврзан со референдумот за Денот на РС.
Ново на Сител
-
ДУИ: Прекинете ја оваа лудост, последиците ќе бидат незамисливи
-
Ја давел за врат, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата - поднесено обвинение
-
Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница
-
Џејмс ја помина границата од 41.000 поени во НБА
-
Влада: Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој
-
Стружанец произведувал и споделувал детска порнографија преку социјални мрежи
-
Колумбиа: Предлогот за пензионирање на 67 години сеопфатно да се разгледа
-
Париската катедрала Нотр Дам повторно отворена, со присуство на бројни официјални претставници