Балкан
14. July 2016 - 21:20

Додик: Ќе дадеме согласност Босна и Херцеговина да ја потпише ССА

Претседателот на Република Српска Милорад Додик потврди денеска во Белград дека се постигнати услови и дека ентитетот ќе даде согласност за потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) на Босна и Херцеговина со ЕУ. 

Додик претходно, на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ, истакна дека за време на вчерашниот разговор со германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит дошол до тој заклучок. 

Премиерот Вучиќ нагласи дека Шмит е негов пријател, но и човек со извонредна интелегенција кој рационално ги согледува работите на Балканот. 

Вучиќ објасни дека Шмит дошол во Србија со цел да го убеди раководството на Република Српска дека отворањето на преговорите за приклучување не значат никакви штетни последици за земјоделството во РС. 

- Но, за тоа, секако, одлучува претседателот Додик, нагласи Вучиќ, и додаде дека, од него никогаш нема да се слушне лошо да зборува за РС. 

- И кога нема да се слушнеме и кога нема да се видиме знаеме кои се нашите законски обврски. Тоа го знае и Додик, и мислам дека е многу добро и кредибилно, и многу важно да се познава човек од германската Влада, заклучи Вучиќ, и додаде дека тоа од големо значење за сегашноста и иднината на РС.