Балкан
15. January 2017 - 20:17

Додик: Јавно ќе се откажам од пасошот од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска дека функционерите од американската администрација во заминување настојувале да го спречат неговото заминување во САД, бидејќи не сакал да тргува со интересите на РС.

Тој исто така најави дека јавно ќе се откаже од босанскиот пасош, бидејќи има српски пасош, кој ќе го користи.

- Од мене беше побарано да се откажам од иницијативата во врска со Уставниот суд на БиХ, да престанат активностите во врска со носењето закон за Уставниот суд на БиХ и да се оградам од политиката на Сојузот на независни социјалдемократи околу нашиот документ за политичка проценка, а јас сето тоа го одбив, рече Додик, пренесува Фена.